Флик по 100-ти пат на клупата на Барса: Најмногу им верува на Кунде, Кубарси и Јамал

42

Ханс-Дитер Флик денеска го имаше својот 100-ти натпревар како главен тренер на Барселона. Денес каталонскиот тим го победи Виљареал со 4-1 во 26-то коло од Ла Лига.

Под водство на германскиот тренер, Барса победи на 75 натпревари, одигра девет нерешени дуели и загуби на 16. Тимот во досегашната „ера“ на Флик постигна 281 гол, а прими 119.

Играчите кои одиграа најмногу натпревари за Барселона под водство на Флик се Жил Кунде (92 натпревари), Пау Кубарси (90) и Ламин Јамал (89).

ПретходноОхрид е заразен со фудбал, убава слика на Биљанини извори (ВИДЕО)
СледноСаво Милошевиќ е нов тренер на Цветаноски во Железничар