Македонската таеквондистка Ведрана Тунески се враќа со бронзен медал од Г2 турнирот „Бугарија ОПЕН“, еден од најсилните турнири во светот. Ведрана оствари три големи победи и обезбеди бронзен медал.
Во првата борба нашата таеквондистка славеше над Балич од Украина со 2:0, а потоа оствари триумф и над Јоаниду од Грција со истиот резултат. Во третата борба со 2:0 ја победи Андреу од Грција, но во битката за финале беше поразена од Меистининкаите од Ирска.
Ведрана е репрезентативка и член на Таеквондо Бутел, а на овој Г2 турнир настапи во категорија -51 кг. Таа е носител на европски пионерски бронзен медал во олимписко таеквондо.










