ВМФЛ – 17.коло: Големо дерби во Охрид – првиот против вториот, интересно ќе биде и на Автокоманда

133
ФОТО:facebook.com/gfkohrid/

Денеска од 14 часот закажани се сите осум натпревари од 17.коло во ВМФЛ. И кога играат првиот со вториот, тогаш јасно е дека тоа е дерби, а уште ако се знае дека пред неколку дена и двете овие екипи преку Вардар и Работнички се најдоа во полуфиналето на Купот на Македонија, тогаш нема дилеми дека дуелот меѓу Охрид и Шкендија (А) е супер – дерби на колото, но и веројатно на пролетната полусезона. На Автокоманда домашниот Скопје ја дочекува Беласица, ова е дуел меѓу чевртиот и петтиот на табелата, и на оваа средба се очекува да биде супер – интересно.

Брегалница игра дома со Вардар (Н) и мора, ама баш мора, по секоја цена да дојде до трите бода. Се друго ќе биде рамно на катастрофа за штипските “сини“. Победа гостува кај Саса, Новаци игра дома со Кожув.

Ова се двојките од денешите мечеви:

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА (14 Ч)

Детонит – Тетекс

Г. Коњари – Слога (В)

Скопје – Беласица

Охрид – Шкендија (А)

Преспа – Осогово

Саса – Победа

Новаци – Кожув

Брегалница – Вардар (Н)

ТАБЕЛА

Охрид 39, Шкендија (А) 38, Брегалница 33, Скопје 32, Беласица 31, Новаци 30, Детонит 29, Осогово 27, Кожув 25, Тетекс 20, Саса 17, Вардар (Н) 12, Победа 11, Преспа 9, Слога (В) 7, Г.Коњари 3,

ПретходноВтора победа на “волците“ сезонава: Гомеш и Гомеш ја шокираа Астон Вила!
СледноЈокиќ тргна кон целиот тим на Оклахома, петмина го држеа Србинот (ВИДЕО)