ВМФЛ: Големото дерби без победник, Скопје славеше против Беласица, Брегалница го “торпедира“ Вардар (Н)

279
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

Така е тоа. Кога има многу најави, кога дербито е екстра важно, кога се среќаваат екипи кои се со подеднаков квалитет, па на крајот обично резултатот е 0:0. Така беше и на големото дерби од 17.коло во ВМФЛ меѓу Охрид и Шкендија Арачиново. По ова реми Охрид и натаму е лидер.

Скопје со 1:0 славеше против Беласица и тоа со прекрасниот гол со петта на Трајчевски и освои екстра значајни три бода, екстра важни во битката за највисок пласман.

Брегалница конечно се “разбуди“, конечно одигра како што треба и со 7:1 просто го декласира тимот на Вардар Неготино. Коцев, Ѓорѓиев, Тасев, Мемеди, Талески и Иванов два, ова беа стрелците на штипските „сини“.

И Новаци дојде до големи три бода откако го победи Кожув, а Детонит со 2:1 славеше против Тетекс.

РЕЗУЛТАТИ – 17.КОЛО

Брегалница – Вардар (Н) 7:1

Детонит – Тетекс 2:1

Скопје – Беласица 1:0

Г. Коњари – Слога (В) 2:2

Саса – Победа 2:0

Новаци – Кожув 1:0

Охрид – Шкендија (А) 0:0

Преспа – Осогово 0:1

ТАБЕЛА

Охрид 40, Шкендија 39, Брегалница 36, Скопје 35, Новаци 33…

ПретходноПМФЛ: Реми во големото дерби, Струга ТЛ го сопре Вардар!(ФОТО)
СледноПо војната на Блискиот исток: Кина сака, место Иран, да игра на СП 2026!