Охрид е заразен со фудбал, убава слика на Биљанини извори (ВИДЕО)

196

Охрид денеска живееше за фудбалот. Попладнево се одигра дерби натпреварот од Втората лига меѓу водечкиот Охрид и второпласираната Шкендија од Арачиново, меч кој на крајот заврши без победник, 0:0.

Убавото време и важноста на натпреварот ги наполни трибините на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“, кој денеска беше исполнет речиси до последно место.

Амбиентот го разубавија навивачите, а атмосферата дополнително ја подгреа познатиот охридски пејач Ѓоко Танески, кој пред почетокот на средбата заедно со публиката ја отпеа навивачката химна „Лихнида кајче веслаше“.

ПретходноБорусија (Д) не издржа: Баерн ги „лапна“ бодовите во Дортмунд (ВИДЕО)
СледноФлик по 100-ти пат на клупата на Барса: Најмногу им верува на Кунде, Кубарси и Јамал