Работнички – Шкупи 1:0 е резултатот по првото полувреме од скопската пресметка последните две екипи на табелата во меч од 20.коло во ПМФЛ. Работнички беше подобар, создаде повеќе шанси, но гол падна дури во 37.минута кога Манојлов откако претходно се ослободи од неколку играчи на Шкупи за да потоа ја затресе мрежата на Меличи.
Претходно Мухарем во два наврати се закани, потоа Мехмед место сам да ја заврши акцијата тој се одлучи да асистира и погреши. Крантове имаше свои прилики.
На другата страна, Љамалари шутираше, но голманот Јакимов беше на своето место.
Интересно, сезонава само Работнички не успеал да слави против Шкупи, беше реми во есенскиот дел и тоа е единствениот бод за чаирчани во текот на овој шампионат.















