Саво Милошевиќ е нов тренер на Цветаноски во Железничар

38
фото: fk zeljeznicar (FB)

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Саво Милошевиќ е нов тренер на Железничар.

Клубот го потврди поставувањето на српскиот стретег со објава на социјалните мрежи.

Новиот главен тренер доаѓа во Сараево со целиот свој тренерски штаб, кој ќе го сочинуваат неговите долгогодишни соработници – помошници тренери, кондициски тренер и аналитички тим. Клубот верува дека континуитетот на работата и координацијата на тренерскиот штаб ќе овозможи брзо спроведување на спортскиот план и методологијата на работа.

Милошевиќ ќе биде нов тренер на нашиот Матеј Цветаноски, кој за жал ја заврши оваа сезона по тешката повреда заработена пред неколку дена.

ПретходноФлик по 100-ти пат на клупата на Барса: Најмногу им верува на Кунде, Кубарси и Јамал
СледноОва е тајната на неверојатниот успех на Бодо/Глимт!