Фудбалерките до 17 години со победа ги отворија квалификациите во Струмица

55

Македонската женска репрезентација до 17 години триумфално го почна настапот на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство – Б лига што се одржува во Струмица.

Избраничките на Катерина Милеска во првото коло ја совладаа селекцијата на Грузија со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Елена Наумоска во 70. минута од натпреварот.

Нашите репрезентативки можеа да забележат и поубедлива победа, но не успеаа да реализираат неколку можности за погодок.

Гостинките од Грузија во неколку ситуации се обидоа посериозно да го загрозат нашиот гол, но на крајот не успеаа да ја погодат целта, а македонските репрезентативки сосема заслужено стигнаа до посакуваната победа.

Во вториот дуел од нашата група Северна Ирска славеше во мечот против Луксембург со 4:1.

Следниот натпревар Македонија го игра во вторник на трети март, а противник ни е Луксембург. Мечот ќе се одигра на теренот на Спортскиот центар Пандев со почеток во 13 часот, а влезот за сите кои сакаат да го следат е слободен.

ПретходноРуни откри бизарен подарок што го добил од Марадона: Сè уште го чувам
СледноИнтер се рехабилитираше по дебаклот со Бодо и ја совлада Џенова