Јокиќ тргна кон целиот тим на Оклахома, петмина го држеа Србинот (ВИДЕО)

1758

Кошаркарите на Оклахома го совладаа Денвер со 127:121 по продолжение во натпревар од НБА лигата одигран синоќа. Тоа беше директен дуел меѓу двајцата кошаркари кои во моментов се први и втори во трката за МВП признанието. И покрај трипл-даблот на српскиот центар на Денвер, Никола Јокиќ, победата ја однесе Канаѓанецот Шеј Голџес Александер, актуелен МВП, водечки во овогодишната трка за наградата и најголема ѕвезда на ОКС.

Но, ова не беше се. Осум минути пред крајот на натпреварот против Оклахома, Јокиќ беше фаулиран од Дорт, додека Канаѓанецот се жалеше кај судијата дека воопшто му е досуден фаул, српскиот кошаркар стана од паркетот и тргна да се одмазди. И тука настана вистински хаос, петмина го одржеа Србинот за да не ескалира ситуацијата.

Судиите успеаја некако да ја вратат контролата врз играта, да го смират српскиот кошаркар, а потоа видеото беше прегледано и одлучија дека сепак е премногу валкан и опасен потег на Лу Дорт, па тој мораше да излезе. Никола Јокиќ доби техничка за својата реакција, како и Вилијамс.

Гилџес-Александер оваа сезона игра со просек од 31,8 поени, 4,4 скока и 6,4 асистенции. Освен трите украдени топки, ги подобри бројките и овојпат, завршувајќи го мечот со 36 поени и девет асистенции.

Јокиќ возврати со нов трипл-дабл – натпреварот го заврши со 23 поени, 17 скока и 14 асистенции. Во оваа сезона трикратниот МВП има просек од 28,8 поени, 12,5 скока и 10,4 асистенции.

Дуелот меѓу водечката екипа во Западната конференција и Нагетс, кои моментално се четврти на Западот, беше решен по продолжение. Токму Јокиќ го избори со кош на 38 секунди пред крајот за израмнување на 107:107. ОКС имаше два шута за победа во регуларниот дел – најпрво Гилџес-Александер беше блокиран при обид за тројка, а потоа Алекс Карузо промаши со звукот на сирената.

Гилџес-Александер имаше голема помош од Холмгрен. Вториот пик на драфтот во 2022 година во директниот дуел со Јокиќ постигна 15 поени и запиша дури 21 скок.

Најефикасен на натпреварот беше Мареј со 39 поени, но неговиот учинок не беше доволен за Денвер да избегне пораз.

ПретходноВМФЛ – 17.коло: Големо дерби во Охрид – првиот против вториот, интересно ќе биде и на Автокоманда
СледноШек и Баркли го гледаа Јокиќ: Тој го направи правилното, покажа дека не се шегува!