Во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија денеска беше директорот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, и легенда на фудбалот во оваа земја, Емир Спахиќ.
Тој оствари средба со претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, а на истата беа разменети мислења на повеќе теми.
Со посебен акцент разговарано околу работата со младинските категории, како и на следењето и интеграцијата на талентираните деца од дијаспората, кои ги следиме преку нашата скаутинг служба.










