Лондонското дерби за Арсенал: „Топчиите“ направија нов чекор кон титулата (ВИДЕО)

98
фото: Premier League (X)

Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 на „Емирати“ во натпреварот од 28-то коло од Премиер лигата и останаа лидери во трката за шампионската титула. Челзи, кој сакаше да го престигне Ливерпул на петтото место, не успеа да извлече ни бод од ова гостување.

Во првиот дел видовме два гола, по еден на двете страни, а и двата беа постигнати на сличен начин. Прво, во 21-та минута, Арсенал од корнер отвори за 1:0, откако Вилијам Салиба успеа да го совлада Санчез.

Челзи возврати со автоголот на Хинкапи, кој сам ја затресе мрежата на „топчиите“ за 1:1.

Моментот на одлука дојде во 66-тата минута кога по нов корнер, Тимбер успеа да ја искористи одличната игра на своите соиграчи кои ги блокираа противничките фудбалери и му дозволија на бекот со висок скок да го совлада Санчез.

Челзи потоа остана со играч помалку кога по два старта за само 3 минути, Нето доби два жолти картони.

ПретходноКуманово убедливо славеше против Струга
СледноКарик е на чекор да го урне рекордот на непобедливост на клупата на Манчестер Ј.