Ова е рекордот во НБА кој ни Јокиќ не може да го урне! (ВИДЕО)

240
фото: Denver Nuggets (X)

Вилт Чемберлен, легендарен кошаркар и една од првите ѕвезди во историјата на НБА, на денешен ден во 1967 година постави еден од рекордите што тешко дека некогаш ќе бидат соборени.

Па дури и еден Никола Јокиќ едноставно тоа не го може.

Чемберлен беше познат како кошаркар кој беше речиси невозможно да се чува, но малкумина веруваа дека ќе остави такво наследство зад себе. И додека главниот фокус е сè уште на неговата игра одиграна на 2 март 1962 година, кога во тоа време го носеше дресот на Филаделфија Вориорс и постигна 100 поени во победата над Њујорк Никс, растечкиот број навивачи на кошарката и експерти кои го следат и играат спортот веруваат дека е само прашање на време кога некој ќе одигра натпревар во кариерата и ќе го надмине тој број.

Сепак, Чемберлен речиси сигурно ќе остане сопственик на уште еден рекорд кој не само што нема да биде надминат, туку е тешко да се поверува дека некој ќе се доближи доволно за да го загрози.
За што станува збор? Сè започна на 17 февруари 1967 година, кога Чемберлен го направи првиот чекор кон историјата во натпревар против Синсинати Ројалс. Потоа, два дена подоцна, тој шутираше совршени 11 од 11 против Сент Луис Хокс (победа од 123:122).
И потоа – на 24 февруари, кога Севенти Сиксерс се соочија со Вашингтон Булетс (претходник на сегашните Визардс), а фантастичниот центар ги погоди сите 18 шутеви, поставувајќи рекорд кој важи и денес. Тој го заврши натпреварот со 42 поени, 32 скока и 10 асистенции во победа од 149:118.
Четири дена подоцна, во натпреварот против Синсинати Ројалс, тој ја прекина својата серија – застана на 35 последователни погодени шутеви и со тоа постави рекорд кој веројатно нема да биде надминат во НБА.

ПретходноПеп за Халанд: “Не знам кога ќе може да сметаме на него!“
СледноСерафимов: Многу сум среќен за Вардар, клубот заслужува да е прв (ВИДЕО)