Одбојкарките на Наковски Волеј го претрпеа првиот пораз оваа сезона во домашното првенство, откако на гостувањето кај Младост УГД во Штип загубија со максимални 3:0. Штипскиот состав потврди дека оваа година влегува во силна завршница на сезоната и со оглед на формата, може да се надева и на место во плеј-офот.
Штипјанки не им дозволија на своите конкурентки да освојат ниту еден сет и покажаа дека имаат сериозен квалитет за највисок пласман. Клучен за разврската беше вториот сет кој се играше на продолженија и кој Младост УГД го доби со 28:26.
Шампионот Јанта Волеј се намачи за да дојде до победа против амбициозниот тим на Газели Волеј кој успеа да освои два сета на гостувањето, додека Работнички, Пелистер и Вардар ЕМ дојдоа до нови убедливи победи.
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 15 КОЛО:
Јанта волеј КВ – Газели волеј 3:2
Фит фан волеј – Вардар ЕМ 0:3
Струмица жени – Пелистер волеј 0:3
Работнички – Ускана 3:0
Младост УГД – Наковски волеј 3:0
ТАБЕЛА: 1. Наковски В. (41), 2. Работнички (35), 3. Младост УГД (34), 4. Јанта Волеј КВ (31), 5. Газели Волеј (27), 6. Пелистер Волеј (22), 7. Вардар ЕМ (18), 8. Струмица (10), 9. Фит Фан Волеј (7), 10. Ускана (-1).










