Уште една „чиста мрежа“ на Столе и нова победа на Валенсија

123
фото: Valencia CF (X)

Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и екипата на Валенсија остварија минимална, но исклучително вредна победа од 1:0 над екипата на Осасуна во денешниот натпревар од 26. коло во Ла Лига.

Нашиот голман си ја задржа позицијата на стартен голман во Валенсија и успеа да ја остави мрежата празна, што е уште еден одличен ефект од неговиот настап на голот на „лилјаците“. Голот за победа на Валенсија го постигна Рамазани од пенал во второто полувреме, со што донесе три бода за својата екипа многу вредни во трката за опстанок во елитата на Шпанија.

ПретходноШтутгарт со висока победа над Волфсбург
СледноПадна и лидерот: Младост УГД ми нанесе прв пораз на Наковски Волеј