Артета: Веќе е март, а ние се уште сме лидери, тоа е добро

153
фото: Arsenal @Arsenal (X)

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, по триумфот на дербито со Челзи (2:1) во 28-то коло од Премиер лигата беше задоволен од крајниот исход.

„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Тие се тим на високо ниво, многу добро подготвен од нивниот тренер. Мислам дека направивме некои одлични работи во текот на целиот натпревар. Голот што го примивме беше разочарувачки, но го имавме целото второ полувреме пред нас. Требаше да ја контролираме топката многу подобро кога имаа 10 играчи на теренот. Ја разбиравме важноста на индивидуалните дуели во прекините, бидејќи Челзи е врвен тим кој напаѓа и се брани добро во прекините“, истакна Артета на прес-конференцијата.

Артета не пропушти да ја пофали интервенцијата на Раја со која во финишот на мечот спаси израмнување.

„Последната одбрана на Давид беше неверојатна. Не требаше да се најдеме во таква ситуација. Многу сме задоволни бидејќи знаеме дека одигравме два тешки натпревари во последната недела. Задоволен сум од ставот на играчите и нивната подготвеност да одат до крај и да доминираат. Март е, играме во сите натпреварувања и сме меѓу лидерите“, рече Артета.

ПретходноМурињо: Ако Престијани биде осуден за расизам, тој завршил со мене и со Бенфика
СледноИлиевски со јубилеен 10-ти гол за Приштина