За време на репрезентативната пауза во домашното кошаркарско првенство, екипата на Маџари донесе ново засилување. Станува збор за српскиот кошаркар Јован Савиќ кој треба да ги пополни позициите четири и пет во составот на Маџари во завршницата на сезоната.
Савиќ во составот на тренерот Тодоровиќ доаѓа од екипата на Џокер од Србија, каде оваа сезона редовни настапи и забележителна минутажа, со просек од 8,5 поени по натпревар.
Маџари во досегашниот дел од сезоната во Првата лига се наоѓа на 5. место на табелата.










