Македонскиот интернационалец и репрезентативец, Бојан Миовски за жал денеска не доби можност да настапи во големото дерби помеѓу неговиот тим Ренџерс и вечниот ривал Селтик. Мечот заврши со конечни 2:2, а Миовски остана на клупата.
Сепак, Ренџерс и без него на теренот имаа можност до последните секунди да дојдат до победа но истата ја испуштија на ретко виден начин.
Откако португалецот Черими по само половина час игра на домашните со два гола им им донесе водство од 2:0, на следно гол возбудување се чекаше до второто полувреме.
Тирни намали на 2:1, а потоа во првата минута од судиското продолжение, Хатате најпрво го промаши досудениот пенал за Селтик, за од „втора“ што се вели сепак, да погоди за конечни 2:2.










