Серафимов: Многу сум среќен за Вардар, клубот заслужува да е прв (ВИДЕО)

60

Македонскиот интернационалец и репрезенаттивец, Никола Серафимов во опширно интервју за бугарскиот „Палмс Спортс“ покрај темите кои ја интересираат бугарската јавност го спомна и неговиот матичен и секогаш сакан клуб ФК Вардар.

„ Многу сум среќен што Вардар е во позицијата во која е сега, бидејќи многу години клубот се мачеше во македонскиот фудбал. Сите знаеме дека ова е најголемиот и најпознатиот фудбалски клуб во Македонија, најтрофејниот. Значи, Вардар заслужува да биде на позицијата во која е сега. Секогаш ги следам кога имам време, ги гледам нивните натпревари. Имам многу пријатели таму, и меѓу фудбалерите и меѓу луѓето што работат во клубот. Затоа им посакувам се најдобро и се надевам дека оваа година титулата ќе се врати во Скопје“ – вели Серафимов.

Тој уште како младинец доби шанса во првиот тим на Вардар и истата ја искористи, за да потоа преку У21 репрезентацијата и А националниот тим стигне до статусот на интернационалец со сериозна кариера во моментов.

ПретходноОва е рекордот во НБА кој ни Јокиќ не може да го урне! (ВИДЕО)
СледноЅвездата на Ливерпул пред трансфер во Јувентус?!