ФК Росоман му посака ДОБРЕДОЈДЕ на Роналдо!(ФОТО)

215
ФОТО:.facebook.com/fkrosoman83

Ете, и тоа го има. И тоа во Македонија. Имено ФК Росоман кој се натпреварува во третата лига или во јужниот регион, се пофали дека потпишал со Роналдо и на својот ФБ профил му посака добредојде на новото засилување.

Да нема забуна, не станува збор за “вистинскиот“ Роналдо, односно Кристијано Роналдо за кого треба веројатно цел буџет на Р. Македонија да се искористи за да дојде во нашата земја и да ја продолжи кариерата во еден наш клуб, туку за извесен Роналдо Фазлиов кој направил трансфер од Дреново во Росоман.

Сепак Роналдо си е Роналдо, па макар и Фазлиов.

ПретходноМирчевски: Силекс против секого оди на победа, така ќе биде и во Кавадарци!
СледноВојдан Стојановски влегува во друштво на великаните!