Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа возбудлив дерби натпревар кој заврши со резултат 3:3 во италијанската Серија А. Екипата на Лучиано Спалети повторно се спаси во судиското надополнување и избегна пораз во Рим.
Рома имаше предност на паузата откако Весли Фофана постигна гол во 39-тата минута, а во второто полувреме Консеисао по само 2 минути игра донесе изедначување. Во 54-тата минута Ндика повторно донесе водство за Рома, а 10 минути подоцна Мален постигна и трет гол за домашниот тим. Џереми Бога го постигна својот првенец во дресот на Јувентус во 78-та минута, а Гати донесе радост за гостинскиот тим со гол за изедначување во 93-тата минута.
Со ова реми Рома се наоѓа на 4-тото место со 51 бод, а Јуве ја продолжи лошата серија без триумф и се наоѓа на 6-тата позиција со 4 бода помалку.










