Бетис и Севиља ремизираа во лутото андалузиско дерби

30
фото: Real Betis Balompié (X)

Фудбалерите на Севиља се вратија од негатива од 2:0 до 2:2 во големото градско андалузиско дерби против екипата на Бетис и на крајот успеаја да освојат голем бод. Дуелите меѓу градските ривали секогаш привлекуваат големо внимание во Ла Лига, а денеска иако се им одеше од нога на домашните во првиот дел од мечот, гостите, сепак, не се предадоа и во вториоте 45 минути успеаја да израмнат.

Со голот на Антони, Бетис поведе во 16-тата минута, по што следуваше уште еден гол за „зелено-белите“ преку Фидалго во 37-та минута за 2:0 со кои се замина на пауза.

Севиља не се предаде и успеа во вториот дел да се избори за „невозможното“. Најпрво санчез во 62-та минута успеа да намали на 2:1, за Ромеро со едне прекрасен погодок во 85-тата минута да им донесе реми од 2:2 на гостите.

Бетис останува на петтото место на табелата во ла Лига, додека Севиља сега е на сигурното 11. место, со 6 бода пред екипите во „црвената зона“ за испаѓање.

ПретходноКарик е на чекор да го урне рекордот на непобедливост на клупата на Манчестер Ј.
СледноКапитенот на „милионерите“ ги скина лигаментите во коленото