Илиевски со јубилеен 10-ти гол за Приштина

80
фото: FC Prishtina (FB)

Во дербито на 22. коло во косовската Суперлига, екипите на Приштина и Дрита одиграа нерешено 1:1, а македонскиот интернационалец Марио Илиевски повторно постигна гол.

23-годишниот напаѓач на Приштина денеска на дербито со Дрита погоди во 43-тата минута за да им донесе водство на своите фудбалери од 1:0. Ова за Илиевски беше 10-тиот гол во лигата кој го носи на второто место на листата на стрелци.

 

ПретходноАртета: Веќе е март, а ние се уште сме лидери, тоа е добро
СледноЈуве „извади“ бод со Рома во 93-та минута