Македонскиот репрезентативец и интернационалец Лука Станковски го имаше и официјалното деби за тимот на Колос од Украина.
Офанзивецот го направи трансферот во овој клуб пред неколку дена, а викендов ги забележа и првите минути.
Станковски влезе во второто полувреме на гостувањето кај Карпати Лвов, и имаше придонес во конечната победа од 0:1.
Станковски замина во Колос од Раднички Крагуевац.










