Македонија е апсолутен фаворит, Баку треба да го освои без проблем!

116

Македонската кошаркарска репрезентација денеска продолжува со мечевите од претквалификациите за пласман на ЕП 2029 година. Противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Азербејџан, дуелот се игра во Баку со почеток во 17 часот.

Нашите кошаркари овие претквалификации ги стартуваа со три победи во исто толку одиграни натпревари, а веќе денеска се очекува да го запишат и четвртиот триумф бидејќи на пресметката против Азербејџан влегуваат како апсолутен фаворит. На првата средба пред своите навивачи славеа со убедливи 87-49.

“Со Азербејџан, игравме дома. Знаеме какви играчи има, каква репрезентација се. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар. Имаме краток временски период за подготовка. Но мислам дека можеме да се вратиме со победа од Баку“, коментира Андреј Јакимовски.

На клупата на Македонија дојде до промени пред февруарскиот квалификациски циклус, нашиот тим го предводи Шанецот, Хозе Мариа Барокал, кој за овие две средби потенцира дека важна е победата со оглед на краткото време со тимот, а веќе во иднина ќе се работи за промена на стилот на игра.

На овој дуел капитенот Војдан Стојановски ќе влезе во историјата на македонската кошарка, како играч со најмногу настапи, тој ќе дојде до бројката од 90 меча во дресот на Македонија.

ПретходноНајдобриот ракометар на Вардар неизвесен за дуелот со Бенфика
СледноРакометарките стартуваа со мисијата Белгија