Марио Илиевски со гол на сезоната во Косово (ВИДЕО)

301

Македонскиот интернационалец Марио Илиевски во рамките од новото коло во шампионатот на Косово за својот тим Приштина во дуелот со Дрита го постигна голот на сезоната што се вели. Погоди со прекрасен удар речиси од половина терен и на тој начин стигна до десеттиот гол сезонава на неговото конто.

Илиевски игра во животна форма и ја пронајде средината каде што очигледно дека најдобро се чувстува и игра онака како што неговиот квалитет и талент предвидуваа уште пред години кога тој беше капитен на У21 репрезентацијата.

ПретходноНоле го украде шоуто на Дончиќ и Леброн, Јокиќ не можеше сам (ВИДЕО)
Следно„Шкендија има одличен тим, ростер за респект, ние нема што да загубиме“