ОФС Куманово го одржа Годишното Собрание: Верифициран мандатот на Еркан Јусуф!

58

Во саботата во просториите на Спортската Сала во Куманово се одржа годинешното собрание на ОФС Куманово каде присуствуваше и Стојче Атанасовски шефот на кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ,

Претседателот на ОФС Куманово Александар Маневски ги поздрави присутните и го презентираше извештајот за работа ОФС Куманово за 2025 година. Од позначајните точки што беа усвоени на собранието се: Финансискиот извештај за работата на ОФС Куманово и усвојувањето на завршната сметка за 2025 година, верификацијата на мандатот за делегат на Еркан Јусуф во Собранието на ФФМ на местото на Борче Лазаревски кој стана член на Управниот одбор на ФФМ, приемот на нови членки на ОФС Куманово фудбалските клубови на ФК Лирија, ФК Прогон и ФК Ромали.

На собранието од 35 делегати присуствуваа 27.

„Година дена скоро помина од моето назначување како прв човек на ОФС Куманово и задоволен сум од тоа што го планиравме успеавме во овој временски интервал да го реализираме. Оваа прилика уште еднаш ја користам да се заблагодарам на првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија господинот Масар Омерагиќ кој ми ја даде довербата и верува во работата на мене и мојот тим“, истакна на крајот од Собранието првиот човек на ОФС Куманово Александар Маневски

ПретходноРистовски главен арбитер во полуфиналето од Челинџ купот
СледноНајдобриот ракометар на Вардар неизвесен за дуелот со Бенфика