Очекувано, ако се знае како беше во Белград пред неколку дена и ако се знае во кој состав настапија двете селекции. Вечерва Турција пред своите фанови уште еднаш славеа против селекцијата на Србија во меч од квалифилациите за СП и тоа со 94:84. Четата на селекторот Алимпијевиќ колку и да се трудеше, а беше засилена и со настапот на Аврамовиќ, сепак се виде дека квалитетот е на другата страна, кај составот на селекторот Атаман.
И на оваа средба еден од најдобрите во турскиот тим беше Охриѓанецот Џеди Осман, кој заедно со Биберовиќ и Јурсевен, беше нерешлива енигма за гостинските кошаркарки. Осман на крајот заврши со 13 поени, еден скок и 4 асистенции. Додека Биберовиќ запиша 21 поени, додека кај Србите најефикасен беше Алекса Аврамовиќ со 16 поени.
На останатите мечеви во овие квалификации се постигнаа следните резултати:
Литванија – Исланд 99:82, Грузија – Данска 89:60, Романија – Португалија 101:96, Црна Гора – Грција 65:79, Швајцарија – БиХ 60:91.










