Познати се групите во Купот на Македонија

89

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за групната фаза од машкиот Куп.
Бранителот на титулата Вардар одбраната на пехарот ја почнува против Бутел Скопје.

Победниците во финалните дуели од секоја група ќе се пласираат полуфиналето на завршниот турнир во Купот на Македонија.
Натпреварите од групната фаза се играат на 7/8 март, додека Ф4 ќе се одржи на 18/19 април.

Куп на Македонија, мажи:
група А
Бутел Скопје – Вардар
Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2
група Б
Пролет – Македонија Ѓорче Петров
Радовиш – Алкалоид
група В
Тиквеш – Охрид
Куманово – Младост Богданци
група Г
Прилеп – Драчево Јуниор
Струга – Еурофарм Пелистер

ПретходноДербито Вардар – Шкендија в четврток на „Петар Милошевски“
СледноЛука Станковски дебитираше за Колос со победа