Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски продолжи со своите одлични партии на голот на Битигхајм. Неговиот тим дојде до нова победа во Втората Бундес-лига, на домашен терен против Нордхорн со 32-26.
Нашиот репрезентативец беше на ниво на задачата, запиша девет интервенции, имаше процент од 39%.
Битигхајм и натаму е на лидерската позиција со 26 бода, два повеќе од Балинген.
View this post on Instagram










