Во напад врз спортска сала во јужен Иран загинаа 20 одбојкарки и еден тренер, а околу 100 лица се повредени, објави иранскиот телевизиски канал Ал Мајадин.
„Дваесет одбојкарки беа убиени во израелски напад врз спортска сала во градот Ламерд, во покраината Фарс“, објави каналот.
Израел изврши напад врз спортска сала во градот Ламерд во јужен Иран, при што првично загинаа повеќе од 15 лица, вклучувајќи деца кои биле во салата во тој момент.
Светската одбојкарска федерација издаде соопштение во кое го осудува ужасното злосторство, осудувајќи го убиството на младите одбојкарки кои беа невино убиени во израелските и американските напади.
„Шокирани сме и крајно загрижени од извештаите дека неколку млади одбојкарки во Иран ги загубија животите поради влошувањето на безбедносната состојба на Блискиот Исток и поширокиот регион. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и сите оние кои се погодени од оваа криза во развој“, се вели во соопштението.
Volleyball World Shocked as Iran Missile Attack Kills Athletes https://t.co/oGL9NlfG9s pic.twitter.com/NCrXJsGvZz
— Greek City Times (@greekcitytimes) March 2, 2026










