Ашаданов одбра за евро квалификациите во март

40

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Александар Ашаданов го објави списокот по повод следниот настап на неговите избранички.

Во периодот од 11. до 17. март, нашите најдобри кошаркарки ќе одиграат три натпревари, против селекциите на Данска, Грција и Хрватска.

Овие мечеви се во рамките на вториот квалификациски ФИБА „прозорец“ за Евробаскетот во 2027 година.

Согласно со планираните активности, нашите најдобри кошаркарки ќе тренираат во Скопје, Првиот собир е закажан за 7. март (сабота) со почеток во 18.30. часот, во салата „Градски парк“ во Скопје.

Во вториот дел од квалификациите од групата „Ф“, сениорките ќе одиграат три натпревари, два на гостински терен – против соодветните национални селекции на Данска и на Грција, и еден на домашен терен, против репрезентацијата на Хрватска.

 

Распоред на натпреварите

11.03.2026: Данска – Македонија

14.03.2026: Грција – Македонија

17.03.2026: Македонија – Хрватска

 

Список на повикани кошаркарки за мартовски ФИБА „прозорец“

Илина Селцова – Серко Уни Ѓер-Унгарија

Мерит Хемпе – Сарагоса-Шпанија

Александра Стојановска – Неа Јониа-Грција

Матеа Николиќ – Баскет Алкамо-Италија

Тијана Митрева – Баскет Алкамо-Италија

Ања Начевска – Мега-Србија

Ивана Кметовска – Баскет Кам

Цветанка Димова – Баскет Кам

Катерина Поп Димитровска – Баскет Кам

Сања Адамовска – Баскет Кам

Марија Николов – Бадел 1862

Јована Петрушевска – Бадел 1862

Ива Чолакоска – Бадел 1862

Елена Тасевска – Вардар

Милица Николиќ – Вардар

Теа Трајковска – Вардар

Јана Пислевска – Вардар

Михаела Алексовска – Крива Паланка

Дора Алексова – МЗТ Бела вода

ПретходноМарио Илиевски е прогласен за играч на колото на Косово (ВИДЕО)
СледноСпалети: Живеам за четвртото место, мора да веруваме