Добри вести од Неапол: Де Брујне се враќа на тренинг

29

По четири месеци одуство поради повреда, Кевин Де Брујне од утре ќе се појави повторно на тренинг на неговиот тим Наполи.

Белгиецот одигра само осум мечеви сезонава пред да се повреди на 25 октомври на дуелот против Интер.

Де Брујн ги помина поголемиот дел од последните четири месеци во својата татковина, враќајќи се во Италија минатата недела. Според „Газета дело Спорт“, тој треба да продолжи со тренинзите со своите соиграчи утре, 128 дена откако ја претрпе повредата. Дури се очекува Антонио Конте да го вклучи во составот за натпреварот со Торино во петок.

 

ПретходноШкендија го казни Пелистер за промашувањата (ВИДЕО)
СледноСудиите на мечот Шкендија – Пелистер вербално нападнати и удрени со предмет