Еве какви казни ги чекаат играчите на Тотенхем ако испаднат од Премиерлигата!

194
фото: Tottenham Hotspur (X)

Игор Тудор немаше најдобар почеток на својот мандат на клупата на лондонскиот клуб. Хрватскиот стручњак со Спарс забележа два последователни порази во првенството – прво против Арсенал, а потоа и против Фулам. Тотенхем моментално е само четири бода над 18-то место, кое води во Чемпионшип. Евентуално испаѓање во понизок ранг на натпреварувањето би значело сериозни последици за самите играчи, бидејќи имаат клаузула во договорите за намалени приходи.

Според информациите што ги објави Дејвид Орнштајн, повеќето играчи на Тотенхем би имале преполовени плати во случај на испаѓање од Премиер лигата. Сопственикот на клубот Даниел Леви инсистираше на таква одредба за да го заштити клубот од можни финансиски проблеми.

Ситуацијата е сложена, имаме многу проблеми и не можам да ви кажам ништо ново. Мора да најдеме внатрешна сила. Им кажав на играчите дека секогаш е прашање што ќе правите, што сакате да направите од себе. Ни треба повеќе личност, повеќе желба за дејствување наместо само да реагираме“, рече Тудор.

Веќе во четврток, Тотенхем го очекува нов предизвик, бидејќи ќе го пречека Кристал Палас на домашен терен во 29-то коло од Премиер лигата.

ПретходноРеал Мадрид со официјално соопштение за повредата на Мбапе!(ФОТО)
СледноФантастичен гол на Сатриано: Хетафе го “тресна“ Реал на “Сантијаго Бернабеу“!(ВИДЕО)