Лука Станковски дебитираше за Колос со победа

57

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Лука Станковски го имаше и официјалното деби за тимот на Колос од Украина.

Офанзивецот го направи трансферот во овој клуб пред неколку дена, а викендов ги забележа и првите минути.

Станковски влезе во второто полувреме на гостувањето кај Карпати Лвов, и имаше придонес во конечната победа од 0:1.

Станковски замина во Колос од Раднички Крагуевац.

 

ПретходноПознати се групите во Купот на Македонија
СледноМарио Илиевски е прогласен за играч на колото на Косово (ВИДЕО)