Македонската кошаркарска репрезентација дојде до четвртата победа во претквалификациите за Европското првенство 2029 откако на гостински терен кај Азербејџан славеа со 70-78. Во Баку бевме под секое ниво, наместо да блескаат и да бидат доминантни, „црвено-жолтите“ беа во негатива цели 30 минути, најголемата беше 18 поени. Се најдоа во ситуација да играат тесно против селекција која сме апсолутен фаворит. На голема среќа, нашите кошаркари заиграа добро во последната четвртина и не си дозволија да се посрамотат.
Никој не очекуваше дека Македонија ќе одигра очајно прво полувреме, особено по доминатната игра на првиот дуел на домашен тере. Азербејџан во првите 20 минути им држеше часови по кошарка на нашите момци. Отвори со 8-0, после првата четвртина водеше со 28-19, додека на стартот на втората го запиша првото двоцифрено водство (31-19). Противникот ја имаше контролата на резултатот, дури и водеше со 43-25. Македонија пред одморот со серија од 9-0 намали на 44-37.
Во третиот период не видовме квалитетна игра, но барем Македонија конечно го подигна нивото, и благодарение на 12-21 во овој период успеа да дојде до првото водство на мечот од 56-58, резултат со кој влезе во последните десет минути.
Лука Стојановски со тројка и Андреј Јакимовски со забивање почнаа да го отвараат патот кон победата, Македонија поведе со 56-63. Ова беше повеќе од доволна причина за да го здржиме нивото (незадоволително), но доволно за да дојдеме до важна победа во овие претквалификации. На три минути до крајот нашите кошаркари ја запишаа првата двоцифрена предност од 63-73. Домаќинот се обиде пред самиот крај да се закани посериозно, но не остана време. Мекиќ на 20 секунди до крајот даде важна трохка за 70-78.
Во вториот дел Македонија беше без помошта на капитенот, Војдан Стојановски, кој се повреди и не се врати во игра.
Јакимовски со 22 поени и 8 скока беше прв стрелец, зад него беше Ѓуроски кој имаше 10 поени.
Последниот циклус од овие квалификации Македонија го игра во јуни, против Ирска на домашен терен, а потоа на гости кај Луксембург.










