Марио Илиевски веќе втор ден е во центарот на вниманието во Косово. Интернационалецот и повремен репрезентативец на Македонија вчера на дуелот против Дрита за својот тим Приштина постигна ретко виден гол од речиси половина терен.

Во екстра голгетерски манир, Илиевски го „почувствува“ голманот на противникот дека е надвор од гол линијата и постигна гол речиси од половина терен.
Токму затоа Фудбалската Федерација на Косово го прогласи Илиевски за „звезда“ на колото односно играч на оваа кампања за штотуку изминатото коло.










