Најдобриот ракометар на Вардар неизвесен за дуелот со Бенфика

260

После дербито во Автокоманда против Алкалоид кое Вардар 1961 го доби минимално, „црвено-црните“ се вртат кон европскиот предизвик, а тука ги чека тешка задача. Тренерот Иван Чупиќ и неговите момци утре на домашен терен го пречекуваат тимот на Бенфика, мечот е закажан со почеток во 20:45 часот.

Македонскиот тим на оваа средба може да биде без услугите на Јака Малус, откри предводникот, Иван Чупиќ. Малус се повреди на мечот против Алкалоид, и дури пред мечот ќе биде познато дали ќе може да им помогне на своите соиграчи.

„Јака Малус вчера не тренираше , имаше прегледи. Денес исто нема да тренира, а ќе видиме утре дали може да биде дел од тимот за утрешната средба. Останатите сите се здрави и тренираат. Со Јака или без него, за утре имам тешка задача да тргнам шест играчи од тимот. Како и да е, да дадеме максимум за да ја добиеме Бенфика“, изјави Чупиќ, кој меѓудругото додаде:

„Немаме луксуз да бираме, во оваа Европска лига особено главната фаза, не можеш да гледаш со потценување кон ниту еден тим. Ние мора да бидеме „300% на час“, па кој ќе ни дојде, нека дојде. Нашата цел секако е титулата во јуни, меѓутоа треба да уживаме во секој ден, да работиме добро и на секој натпревар да се игра под ултиматум да се победи. Така пораснав и така играв, а сакам така да игра и мојот тим“.

За постетување Вардар 1961 одигра слаб натпревар на гостински терен против Бенфика, на крајот беше поразен со 40-35.

ПретходноОФС Куманово го одржа Годишното Собрание: Верифициран мандатот на Еркан Јусуф!
СледноМакедонија е апсолутен фаворит, Баку треба да го освои без проблем!