Поради војната на Блискиот Исток: Финалисима тешко дека ќе се игра во Катар, можни опции се Мадрид, Мајами, Лондон…!

72
ФОТО:copaamerica.com/

Хаос е на Блискиот Исток. Војната беснее со сета своја сила и жестина. Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран со заеднички сили, а Техеран одговори со бомбардорање на американските бази во регионот. Една од земјите каде што беа испратени ракети и бомби е Катар, каде што требаше да се одржи Финалисима 2026.

Планот беше Шпанија и Аргентина да играат на 27 март во Доха, меѓутоа, големо прашање е дали тоа ќе се случи, бидејќи Катар ги суспендираше сите натпреварувања. Нема спорт додека ракетите и бомбите летаат над целиот Блиски Исток. Конфликтот ескалираше и одговорните веќе почнаа да размислуваат што да прават.

Ова го потврди Луис де ла Фуенте, шпанскиот селектор, за Радио Национал.
„Знаеме дека преговорите се во тек. Првото и најважно нешто, очигледно, е дека, како општество, сакаме конфликтот да заврши. Навистина не знаеме колку долго ќе трае. Решението, ако играта не може да се игра таму, би било да се најде друго место, ако тоа е можно“, рече Луис де ла Фуенте. Можеби ќе се игра на Метрополитано во Мадрид..
„Како би можело да не ми се допадне нешто такво? Би бил спектакл“, додаде кратко селекторот на Шпанија.
Сè на сè, војна и Финалисимо не одат заедно. Можно е тој натпревар да се премести од Доха, а покрај Мадрид, како опции се споменуваат Рим, Париз, Лондон и Мајами. УЕФА и КОНМЕБОЛ ќе почекаат уште малку со одлука, нема да брзаат.

Јасно е дека сиот свет го чека дуелот меѓу Меси и Јамал, но сепак светот е во војна.

ПретходноЈетон Беќири по мечот со Пелистер: “Најважно што победивме, Шкендија заслужува поголема почит“
СледноОхриѓанецот Осман и другарите уште еднаш ја расплакаа Србија!