Ракометарките стартуваа со мисијата Белгија

45

Македонската женска ракометна репрезентација стартуваше со подготовките за двата квалификациски дуели против Белгија за пласман на Европското првенство 2026 година.

Селекторот, Кристијан Грчевски одреди 20 ракометарки за овие две важни средби, на кои Македонија мора да дојде до победа доколку сака да се пласира на ова големо натпреварување, бидејќи исто како и противникот стартуваше со два порази.

Првиот меч нашите ракометарки го играат на гостински терен на 4. март, додека реваншот е за три дена во Куманово. Билетите за оваа средба веќе се пуштени во продажба по цена од 100 денари.

ПретходноМакедонија е апсолутен фаворит, Баку треба да го освои без проблем!
СледноДербито Вардар – Шкендија в четврток на „Петар Милошевски“