Стефан Ашковски евакуиран од Иран!

202

Актуелниот македонски репрезентативец, Стефан Ашковски успешно бил евакуиран од Иран во Турција и тоа во текот на вчерашниот ден со помош на Министерството на надворешни работи на Македонија.

Оваа вест ја пренесе ТВ24.

Да потсетиме дека Ашковски е член на екипата на Мес Рафсанџан за која потпиша во јануари.

Откако дојде до војна на Блискиот Исток по нападот на САД и Израел врз Иран, по хаосот во тој дел од светот, јасно е дека сите спортски настани се откажани.

Токму затоа нормално беше и нашиот фудбалски репрезентативец да ги напушти Иран, земја која овие денови е во војна со САД и Израел.

ПретходноОхриѓанецот Осман и другарите уште еднаш ја расплакаа Србија!
СледноРеал Мадрид со официјално соопштение за повредата на Мбапе!(ФОТО)