Томовски продолжува да блеска, а Битигхајм да победува

116
фото: SG BBM Bietigheim (Facebook)

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски продолжи со своите одлични партии на голот на Битигхајм. Неговиот тим дојде до нова победа во Втората Бундес-лига, на домашен терен против Нордхорн со 32-26.

Нашиот репрезентативец беше на ниво на задачата, запиша девет интервенции, имаше процент од 39%.

Битигхајм и натаму е на лидерската позиција со 26 бода, два повеќе од Балинген.

ПретходноДејан Манасков стана татко – се роди Давид!
СледноРистовски главен арбитер во полуфиналето од Челинџ купот