Фантастичен гол на Сатриано: Хетафе го “тресна“ Реал на “Сантијаго Бернабеу“!(ВИДЕО)

205
ФОТО:facebook.com/GetafeCF/

Реал Мадрид – Хетафе 0:1 сензационалниот исход од вечерашниот меч на “Сантијаго Бернабеу“ од 26.коло во Ла Лига. Стрелец на голот беше, и тоа каков гол – ФАНТАСТИЧЕН, Сатриано во 39.минута.

По овој пораз на “кралевите“ сега Барселона во битката за титулата има +4 бода во однос на големиот ривал.

Се виде уште еднаш дека Реал без Мбапе е нешто сосема друго, а вечерва исто поради повреда го немаше ни Белингем.

И вечерва имаше некои моменти за кои фановите просто се вчудоневидени, оние кои не се за „кралевите“.

И дефинитивно како да нема ВАР кога игра Реал Мадрид во Ла Лига. Имено она што го направи дефанзивецот на „кралевите“, Антонио Рудигер во 26.минута се граничи со лудило кога сосема непотребно го удри со колено гостинскиот фудбалер Рико, кој веќе беше паднат на теренот.

 

Ова беше фаул не за црвен туку за во затвор што се вели, ама Рудигер не доби ни жолт картон. Што ли гледаа луѓето во ВАР собата навистина никој не знае, што ли гледаа.

Токму затоа трае “војната“ во Ла Лига меѓу Реал и Барса кога судиите гледаат а не реагираат.

На крајот, во 90+5.минута, Мастантуано доби директен црвен поради приговор кон судијата, по него втор жолт односно црвен доби и Лисо од Хетафе.

ПретходноЕве какви казни ги чекаат играчите на Тотенхем ако испаднат од Премиерлигата!