ФФМ организира семинар за доктори и физиотерапевти

86

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) организира стручен семинар на тема „Повреди и дијагнози во фудбалот и нивно менаџирање“, наменет за доктори и физиотерапевти од клубовите во Прва и Втора МФЛ, ФУТСАЛ Прва лига, ЖМФЛ, како и за медицинските тимови од Националните селекции.

Семинарот ќе се одржи на и 8 март 2026 година, во хотел Holiday Inn Skopje, Скопје.

На отворањето на семинарот свое излагање ќе има претседавачот на Комисијата за медицински прашања и анти-допинг при ФФМ, д-р Небојша Настов, а стручно излагање и активно учество ќе имаат д-р Милески Александар, доктор во А репрезентација, д-р Михајло Ивановски,  доктор во А и репрезентација до 21 година, д-р Лабинот Бехтеши, д-р Мартин Христов, Бојан Цаневски, физиотерапевт во А репрезентација и Срѓан Димитриевски, физиотерапевт во А репрезентација.

Целта на семинарот е размена на стручни искуства, унапредување на медицинските протоколи и современи пристапи во дијагностика, третман и рехабилитација на спортски повреди во фудбалот, како и јакнење на соработката меѓу медицинските тимови на клупско и репрезентативно ниво.

ПретходноПрвиот човек на фудбалот во Иран: Нападите врз земјата ќе влијаат на нашиот настап на Мундијалот
СледноНегативна оцена за судењето на натпреварот Струга Трим Лум – Вардар