Ѓуроски по победата над Азербејџан: “Почнавме споро, но се гледа дека сме поквалитетна репрезентација!“

68
ФОТО:mkd.basketball/

Еден од најискусните во овој ростер на нашиот национален тим го даде својот максимум на дуелот во Баку. Згора на тоа, дојде до двоцифрен број на поени – 10, и имаше придонес во крајниот успех, односно четврттата победа по ред во групата „А“ од претквалификациите за Еврробаскетот 2029.

Искрено, тешка победа, помалку и очекувано ако се знае дека против Ирска одиграа доста поквалитетно. Го почнавме натпреварот доста споро. И морам да признаам доста меко. Им дадовме мотиви, да знаат дека може да победат.

После тоа „се стегнавме“ и го дадовме својот максимум. Ја сменивме нашата игра и стигнавме до победата. Се гледа дека сме поквалитетната екипа. Меѓутоа и на овој и на сите други натпревари мораме да влеземе максимално за да стигнеме до победата, затоа што никој нема да ни ја даде. И без оглед на тоа дали губиме или водиме 20 поени, оваа репрезентација игра до крај“ – коментираше искусното крило по успешниот настап во Баку.

ПретходноСите голови и најинтересни моменти од 20.коло на едно место!(ВИДЕО)
СледноСудиски извештај од мечот Шкендија – Пелистер: Сериозни сигурносни и безбедносни пропусти! Кон судиите бил фрлен и скалпел!(ФОТО)