Војдан Стојановски испиша историја во Баку!

216

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски и официјално испиша историја во „црвено-жолтиот“ дрес. Тој на дуелот против Азербејџан, кој во овој момент се игра во Баку, и истиот е дел од претквалификациите за ЕП 2029 година, го запиша 90. настап за националниот тим. Втор на оваа листа е Тодор Гечевски, кој има 89 натпревари.

Војдан е речиси 20 години дел од националниот тим, не треба да се додава ништо освен тоа дека секогаш бил подготвен да го прифати репрезентативниот повик, без оглед на тоа кој бил во улога на селектор.

Војдан Стојановски е и четврти стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија, има 881 поен. И веќе на дуелот против Азербејџан може да го надмине Тодор Гечевски (застана на бројот 891) и да стане трет стрелец низ историјата.

Доколку го направи тоа, во што нема никаков сомнеж, пред него ќе бидат само уште Врбица Стефанов, кој има 947 поени во дресот на националниот тим, и Петар Наумоски, кој низ репрезентативните настапи има комплетирано 1040.поени.

ПретходноСудиите на мечот Шкендија – Пелистер вербално нападнати и удрени со предмет
СледноНа Олд Трафорд донесена е одлука: Карик ќе добие тригодишен договор вреден 16 милиони фунти