Дербито Вардар – Шкендија в четврток на „Петар Милошевски“

236

Големото дерби од 21. коло во ПМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Вардар и Шкендија кое што е закажано за в четврток 05.03.2026 година во 14:00 часот дефинитивно ќе се игра на комплексот на Фудбалската Федерација на Македонија, „Петар Милошевски“.

И покрај најавите дека можеби истиот ќе се игра на Арената Тодор Проески, сепак е одлучено мечот да се одигра на ФФМ.

Пролетва Вардар на ова игралиште ги одигра сите домашни мечеви, со Арсими, Башкими, како и мечот од Купот на Македонија против Охрид.

 

ПретходноРакометарките стартуваа со мисијата Белгија
СледноПознати се групите во Купот на Македонија