Кошаркарите во Баку имаат „фудбалска“ поддршка! (ФОТО)

229

Во моментов нашата кошаркарска селекција во Баку игра со Азербејџан во натпревар од претквалификациите за СП 2029. Интересно е тоа што од трибините нашите кошаркари имаат и “фудбалска“ поддршка, кои навиваат за избраниците на селекторот Берокал.

Тука се селекторот на нашата женска селекција Александар Андов, потоа членот на УО на ФФМ, Димитар Џонов, па Мишел Истатов кој е во комисијата за женски фудбал и Петре Иловски, координатор на А селекцијата за жени.

Да потсетиме дека утре во Баку, со почеток од 12 часот, нашата најдобра женска селекција игра со Азербејџан.

No description available.

ПретходноПорака од Иран:“Ќе играме на Мундијалот и поради 100-те убиени девојчиња“!
СледноПаника во Реал: Мбапе замина во Франција на консултации за повредата!