Ноле го украде шоуто на Дончиќ и Леброн, Јокиќ не можеше сам (ВИДЕО)

420
Фото: ЛА Лејкерс Х

Новак Ѓоковиќ го искористи престојот во Лос Анџелес за да го гледа натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Сакраменто Кингс во живо.

Неговото пристигнување во салата предизвика големо воодушевување кај навивачите и кошаркарите на Лејкерс, особено Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, кои топло го поздравија српскиот ас.

Лука веднаш дотрча до Новак и го прегрна, а по краток разговор, се фотографираа заедно. По убедливата победа на Лејкерс (128:104), камерите снимија срдечна средба помеѓу Ѓоковиќ и Леброн Џејмс.

Дончиќ беше лидер со 28 поени, 9 асистенции и 5 скока, додека пак Леброн имаше 24 поени и пет скока.

Никола Јокиќ не успеа да го спаси својот тим од пораз, Минесота славеше на гостински терен со 108-117, а српскиот кошаркар имаше 35 поени, 13 скока и 9 асистенции, Мареј беше стрелец на 25 поени. На другата страна Едврдс постигна 21 поен.

Резултати:

Атланта – Портланд 135:101
Орландо – Детроит 92:106
Бостон – Филаделфија 114:98
Далас – Оклахома 87:100
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 137:117
ЛА Лејкерс – Сакраменто 128:104
Њујорк – Сан Антонио 114:89
Бруклин – Кливленд 102:106
Чикаго – Милвоки 120:97
Денвер – Минесота 108:117
Индијана – Мемфис 106:125

ПретходноХорор во Иран, паднала бомба среде натпревар: 20 одбојкарки го загубија животот!
СледноМарио Илиевски со гол на сезоната во Косово (ВИДЕО)