Поради воената состојба, ЕХФ одложи еден натпревар!

64

Европската ракометна федерација мораше да одложи еден меч поради воената состојба. Станува збор за дуелот меѓу Израел – Грција во квалификациите за Европското првенство 2026 за жени. Натпреварот во групата 6 првично беше закажан за среда, 4 март, во Ришон-ле-Зион.

„Одлуката е донесена поради актуелните случувања на Блискиот Исток со нивните последици врз воздушниот сообраќај во Израел и во соседните земји, како и поврзаните безбедносни прашања и потребата од заштита на тимовите и службените лица.

Натпреварот е одложен до понатамошно известување. Нов датум и ново место на одржување ќе бидат соопштени навремено“, се вели во изветувањето на ЕХФ.

ПретходноДали повредата на Роналдо е толку сериозна што го става настапот на СП 2026 под знак прашалник?
СледноХорор во Иран, паднала бомба среде натпревар: 20 одбојкарки го загубија животот!