Судиите на мечот Шкендија – Пелистер вербално нападнати и удрени со предмет

1461

Денеска во Тетово на Градскиот стадион во рамките од 20 коло од ПМФЛ шампионатот, се одигра дуелот помеѓу Шкендија и Пелистер. Мечот заврши со победа на домашните од 2:1, а потоа како што јавуваат извештаите од таму дуелот има своевидно „продолжение“.

Имено, во официјалниот записник од мечот, како дополнение стои изјавата во која се вели дека судиската тројка на чело со главниот арбитар Бенјамин Ќерими била вербално нападната од страна на неовластено лице кое што влегло во теренот, а за време на мечот помошникот судија бил удрен со тврд предмет.

„По завршување на натпреватот на терен влезе неофицијално лице кој со пцовки, навреди и закани се конфротираше со судискиот тим. Исто така во 56 минута од натпреварот имаше краток прекин поради фрлање на предмети од трибините во теренот за игра при што четвртиот судија беше удрен во раката. Следува дополнителна изјава за наведените настани“ – стои во официјалниот записник од дуелот Шкендија – Пелистер.

ПретходноДобри вести од Неапол: Де Брујне се враќа на тренинг
СледноВојдан Стојановски испиша историја во Баку!